Заедничка седница на владите на Македонија и Косово
Владите на Република Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти.
Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји.
-Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на премиерите и министрите и на неа е предвидено свечено потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка, информираат од владината прес-служба.
Договорите, како што посочи на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.
Ново на Сител
-
29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
-
Уставен ќе го разгледа барањето на Апасиев за дискриминација од Џафери
-
Продолжение на 16-тата собраниска седница
-
Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“
-
Најмалку шест луѓе загинаа во израелски напад врз Бејрут
-
Руска бомба погоди станбена зграда во Харков
-
Состојба на патиштата
-
Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд