Заеднички активности за меѓуетничка интеграција на основците од Гевгелија и Валандово
Основците од училиштето „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија и нивните врсници од подрачното училиште „Намк Кемал“ од валандовско Чалакли пред крајот на учебната година, во Гевгелија ги реализираа заедничките активности во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.
Под работен наслов „Цвеќе на пријателство“ беше изработен заеднички цртеж на цвеќе и засадено цвеќе во училишниот двор од страна на мешовит тим на ученици од второ до деветто одделение од двете училишта.
Учениците од второ до седмо одделение учествуваа во организираниот квиз на знаење, а за учениците од двете завршни одделенија се одржа дебата на тема „Образованието-врата кон успехот“.
Натавниците од двете училишта иницираа продолжување на соработката со нови активности во наредната учебна година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот