Заев: 15 јули договорен датум за избори
Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозициската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.
– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.
На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.
Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба само за изборите.
-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.
Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
