Заев - Аселборн: Успешен референдум ќе ја осигура интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ
„Ве чекаме во ЕУ и во НАТО“ - порача на македонски јазик министерот за надворешни работи на Големото Војдводство Луксембург, Жан Аселборн, на денешната средба во Владата со премиерот Зоран Заев.
Се работи за иднината на Македонија, но и за иднината на целиот регион, беше речено на средбата, соопшти владината прес-служба.
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Аселборн рече дека Македонија е на добар пат да ги осигура евро-атлантските интеграции и во таа насока изрази повик за успешен референдум во државава.
- Мнозинството граѓани на Македонија се определени за европска и атлантска иднина на Македонија и јас верувам дека референдумот ќе биде успешен. Определбата и на граѓаните и на Владата е просперитет на Република Македонија и практикување на европските вредности коишто значат подобар живот и владеење на правото за доброто на сите во државата, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, посочи на огромниот бенефит од договорот од Преспа, а тоа е заштитата и потврдата на македонскиот идентитет и на македонскиот јазик во светски рамки и оцени дека граѓаните се свесни за оваа придобивка.
Заеднички е констатирано дека станува збор за историска шанса за напредок и интеграција на Македонија и дека сите политички субјекти и граѓани имаат должност да донесат одлука во интерес на доброто на државата и на иднината на децата и младите.
На средбата се разговараше и за други прашања актуелни во европски и регионален контекст, како и за потребата да се осигура стабилен и безбеден Балкан со европски перспективи.
Премиерот Заев се заблагодари на министерот Аселборн за неговото присуство во Македонија во важниот момент за државата, кога граѓаните имаат потреба да слушнат потврда од пријателите од меѓународната заедница дека се добредојдени во ЕУ и НАТО, како и за големата поддршка што и ја дава Луксембург на Македонија на тој пат, се вели во соопштението од прес-службата на Владата.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости