Заев - Безак: Отворени се перспективи за Македонија, ќе се интензивира соработката со Словачка
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев денеска оствари средба со словачкиот амбасадор во заминување Мартин Безак.
Од страна на премиерот Заев е изразена голема благодарност до словачкиот амбасадор за заложбите и придонесот на Република Словачка, но и за неговите лични заложби за демократските процеси во Македонија, за пријателството кон македонските граѓани и за остварувањето на евро-интеграциските цели на државата.
Амбасадорот Безак, како што соопшти владината прес-служба, изразил задоволство што ја напушта Македонија во подобри услови од оние кои ги затекнал пред четири години кога стапил на должноста амбасадор во Македонија и посочил дека гледа отворени перспективи за граѓаните и за Република Македонија.
- Огромната поддршка од граѓаните е голема чест и обврска за новата Влада на Република Македонија да обезбеди квалитетен живот за сите, да ја развива Македонија во современа и модерна држава, дел од Европската унија и од НАТО. Посветени сме на потребните реформски процеси, градиме пријателства во регионот и со светот, и ценам дека се реални нашите очекувања за придвижувања и на патот кон ЕУ и на патот кон НАТО, нагласил премиерот Заев.
На средбата е констатирано дека Македонија и Словачка се пријателски држави и оти постои соработка во областа на економијата, културата и безбедноста што е добра основа за интензивирање на соработката во овие, но и во други области од интерес за граѓаните на двете земји.
Амбасадорот Безак соопштил дека Словачка останува поддржувач на Македонија во остварувањето на стратешките цели, а премиерот Заев, во име на Владата и на македонските граѓани, се заблагодарил на словачкиот амбасадор Мартин Безак и на Република Словачка за искреното и конструктивно пријателство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата