Заев-Борисов: Одговорите на отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија се во Договорот за добрососедство и пријателство
Одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, се согласиле премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор.
-Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, напиша Заев на својот фејсбук-профил.
Заев во телефонскиот разговор му се заблагодарил на Борисов за честитките што му ги искажал за неговиот реизбор за претседател на СДСМ, и му посакал успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.
Порака со слична содржина на својот фејсбук профил објави и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
– Зборував по телефон со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во името на нашата заедничка европска иднина, наведува Борисов.
Ново на Сител
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Трамп не ја исклучува можноста за средба со Зеленски за време на погребот на папата
-
Повредениот во престрелката на Бит Пазар подлегнал на повредите
-
Индија бара од своите сојузни држави да не остане ниту еден Пакистанец во земјата по 27 април
-
Трамп: Преговорите напредуваат, но ситуацијата е многу кревка
-
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега
-
Уапсен мотоциклист кој удрил малолетничка во Скопје