Заев: Да се поддржуваме и да покажеме солидарност со лицата со аутизам
На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.
Заев потенцира дека Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кога ги афирмираме и славиме инклузивноста на лицата со аутизам.
– И оваа година Светскиот ден на свесноста за аутизмот, го одбележуваме за време на здравствена криза којашто лицата со аутизам ги прави посебно изложени на закани и последици од коронавирусот. Ова е ден и кога гласно говориме за почитување на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата со посебни потреби кои остануваат наша одговорност и во овој период во кој заради заштита од КОВИД-19 го адаптиравме нашето секојдневие на нетрадиционални начини на работа и учење и кои мора да бидат еднакво достапни за сите луѓе, со посебна грижа за лицата со аутизам. На Светскиот ден на свесноста за аутизмот, ве повикувам да се поддржуваме едни со други и да покажеме солидарност со лицата со аутизам.#
Ново на Сител
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
