Заев до Ковачевски: Честитки и со среќа Претседателе
Поранешниот лидер на СДСМ и се уште актуелен премиер Зоран Заев му честиташе на неговиот наследник Димитар Ковачевски, откако денеска официјално ги објави кандидатите за нови министри во идната влада, а воедно претстави и дел од владината програма.
„Честитки и со среќа Претседателе! Верувам во подршката од Парламентот, а исто така верувам дека ќе ја има и големата подршка од нашиот народ на кој одговорно и чесно ќе му служи“, напиша Заев на фејсбук, во коментар под објавата на Ковачевски, по денешните седници на партискиот извршен и централен одбор.
Инаку, СДСМ во следната влада на чело со Ковачевски ќе учествува со следните членови:
Славица Грковска, вицепремиер за антикорупција
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија
Бојан Маричиќ, вицепремиер за евроинтеграци
Славјанка Петровска, министер за одбрана
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи
Никола Тупанчевски, министер за правда
Љупчо Николовски, министер за земјоделство
Јована Тренчевска, министер за труд и социјала
Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура
Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
Тие добија поддршка од партиските органи, со тоа што поранешниот скопски градоначалник и актуелен член на ИО Петре Шилегов, како што објавивме, изнел резерви кон дел од предлозите, сметајќи дека тие во голема мера биле заслужни за изборниот пораз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица