Заев: До крајот на месецов средби со медијаторот Нимиц

Верувам дека до крајот на ноември ќе се случат први средби со медијаторот за името Метју Нимиц, можеби не со мене, можеби дури не и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, но со преговарачките тимови на двете земји барем да се видат позициите и да се направи чекорот понатаму.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во интервју за Македонската радио телевизија што се емитуваше денеска, нагласувајќи дека македонската Влада дури официјално го поканила Нимиц после локалните избори да дојде во земјава со нови идеи за надминување на проблемот со името.
- За мене доаѓа период на решавање на проблемите и треба да ги решаваме мудро, заштитнички кон државата и да и дадеме иднина на Македонија. Рековме тоа прашање ќе го решаваме заедно со опозицијата и со сите клучни фактори во државата, претседателот, Парламентот, Владата и јавноста, но во функција на изнаоѓање на решение, а не на блокирање или одложување на овој проблем, посочи Заев.
Верувам, нагласи, дека имаме убав моментум што генерално се случува во регионот, посебно во Македонија.
- Треба да го искористиме и да изградиме пријателство со сите. Може да биде само добро олеснување со мудри паметни политики, да чекориме напред, заради тоа што шансата за влез во НАТО е голема работа за Македонија. Тоа носи пари за граѓаните, добра економија и стабилност и сигурност на Македонија и на регионот, потенцира Заев.
Во интервјуто Заев говори и за евроинтеграциите, почетокот на преговорите со ЕУ, состојбата во регионот.
Ново на Сител
-

„Екс ју авијација“: „Ер Србија“ со 14 лета неделно меѓу Белград и Скопје во зимската сезона
-

За две години во Србија се породиле повеќе од 3.500 тинејџерки, 31 биле помлади од 15 години
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
