Заев - Ѓукановиќ: Размената на искуства и регионалната соработка отвораат перспективи

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во рамки на посетата на Црна Гора денеска се сретна со поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, кој ги поздрави реформските чекори во Македонија што, според него, отвораат перспективи за државата и за регионот.
Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, порачал дека Владата е решена да ги спроведе реформите и за добро на граѓаните, да ги решава прашањата што стојат на патот на стратешките цели.
Заеднички е констатирано дека двете држави одржуваат традиционално пријателски односи што се добра основа за развој на соработката. Оценето е дека е значајна размената на искуства меѓу Македонија и Црна Гора во економијата, како што е конкурентноста на претпријатијата, како и во делот на НАТО и ЕУ интеграциите.
Премиерот Заев соопштил очекување за напредок на Република Македонија во ЕУ интеграциите напролет, а во НАТО интеграциите земјава да биде следна земја членка на Алијансата, за што поранешниот црногорски премиер Ѓукановиќ изразил целосна поддршка.
Ново на Сител
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
