Заев го посети манастирот Трескавец

Ги посетивме обновените конаци на манастирот Трескавец. После 7 години од опожарувањето, манастирскиот комплекс повторно блеска во полн сјај. Овој скапоцен верски и културно-историски украс меѓу карпите под Златоврв го краси Прилеп и ги отвора вратите за верниците и за сите други граѓани, кои се во потрага по духовен мир и по убавините на македонското културно наследство, христијанската архитектура и фрескосликарството, објави денеска на неговиот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

– Во манастирот отидов со добра вест дека се обезбедени средства од програмата на Владата за поддршка на општините, за водовод до манастирот во висина од 5,5 милиони денари. Разговаравме и за можностите во рамките на програмата на Министерството за култура да се вклучи и поддршка за реставраторските работи на манастирската црква Успение на Пресвета Богородица, за да се заштитат вредните артефакти од 13 век. Го негуваме наследството кое било тука многу долго пред нас, за идните генерации низ овие дела да продолжат да го чуваат, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
