Заев и Борисов заедно ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов денеска на македонскиот државен и национален празник - Денот на Републиката, заедно ќе положат цвеќе и ќе се поклонат на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас со што ќе се одбележи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји што двајцата државници го потпишаа вчера во Скопје.
Предвидено е пред присутните гости да се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Премиерот Заев за време на неговата посета во јуни во Софија, прва официјална по стапувањето на функцијата, заедно со неговиот бугарски колега Борисов се поклонија на споменикот на Цар Самоил.
Тогаш двајцата изразија подготвеност за соработка и градење на добрососедски односи како и поддршка за интеграција на Македонија во европското семејство и упатија заедничка порака „историјата да не ги разделува двата народа, туку да ги зближи“.
Со Договорот кој Заев и Борисов вчера го потпишаа, меѓу другото, се предвидува во рок од три месеци од неговото влегување во сила да се основа Заедничка меѓувладина комисија со која ќе ко-претседаваат министрите за надворешни работи на двете договорни страни. Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор,
Најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, треба да се формира и Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни. Воедно, двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.
Република Македонија денеска ги одбележува двата датума на кои се удрени темелите на македонската државност - 114 годишнината од Илинденското востание и 73 годишнината од првото заседание на АСНОМ.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
