Заев и Ѓилас разговараа за ситуацијата во регионот
Еден од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) Драган Ѓилас вчера во Скопје остварил средба со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на која разговарале за ситуацијата во регионот, соопшти СзС, нагласувајќи дека средбата се остварила на повик на Заев.
Како што се наведува во соопштението, Ѓилас и Заев ја нагласиле важноста на напорите и на власта и на опозицијата, за унапредување на односите меѓу двете земји и двата пријателски народа.
Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности, двајцата договориле соработка меѓу СДСМ и организацијата која Ѓилас ќе ја формира во следниот период.
Ѓилас му честитал на Заев за постигнатиот историски договор со Грција, нагласувајќи дека заслужено се нашол меѓу предложените кандидати за Нобелова награда за мир, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас.
Исто така, Ѓилас го запознал Заев и со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните протести во земјата, се додава во соопштението на СзС.
Ново на Сител
-
Две лица намерно прегазиле и истепале жена во Тетово
-
19-годишник од Охрид приведен за кражба на мопед
-
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната
-
Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана
-
Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“
-
Судскиот совет одржа јавна расправа по барање за утврдување одговорност против судијата Лазар Нанев
-
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП
-
Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени по примерот на Кривичен, без да се консултира судската фела