Заев и Нуредини: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште отворен за сугестии и предлози
Одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на планината, како и на другите аспекти за заштита.Заев и Нуредини нагласија дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје се донесува врз основа на Законот за заштита на природата, кој е донесен по претходно усогласување со законодавството на ЕУ, и со кој се обезбедува интегрирана заштита на заштитените подрачја во корелација и со другите релевантни закони.
Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје, е нагласено на средбата, ќе биде донесен и План за управување на подрачјето и Просторен план кои по дефиниција ги опфаќаат сите пропишани мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија.
Дополнително, како што информираат, во Одлуката ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје.
Ново на Сител
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
