-->
-->
Заев: Иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа
-->
Премиeрот Зоран Заев, кој денеска учествува на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Виена, му се заблагодари на австрискиот канцелар Себастијан Курц за иницијативата и организацијата, порачувајќи дека додека има вакви лидерства посветени на евроинтеграциите еврпската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.
-Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денес во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа. Се додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.
Денешната панел дискусија во Виена, нагласува премиерот, уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа.
Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала
-
Веќе трет месец вработените во Македонски шуми се без плата