Заев: Имаме капацитет за попис и во време на пандемија
Премиерот Зоран Заев во гостувањето во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека државата има капцитет да одржи попис и во време на пандемија со коронавирусот.
-Секако дека имаме капацитет. Го проверивме на избори, парламентарни и локални во Штип и Пласница кои што се одржаа. Самата операција е полесна од изборите за кои постои цела кампања, контакти со луѓето. Самото анкетирање, еве јас сум анкетарот, вие сте анкетираниот, ја правиме анкетата на тие податоци што се потребни, „Благодарам, пријатно“, вели Заев.
Според него, никој не може да го бојкотира пописот.
-Никој не може да бојкотира попис. Опозицијата не можеше избори да бојкотира, рефендум да бојкотира, а не па попис да бојкотира. Не треба да се закануваат, зашто има казни. Пописот е обврска на граѓаните. Ние треба да се попишеме зашто тоа е наша законска обврска. При попишувањето сите имаме обврска да ги дадеме вистинитите податоци кои што се барат од нас. Пописот не се прави на политичките партии или политичарите – се прави на граѓаните. Затоа треба да го спроведеме пописот. Тој е замислен од 1 до 21 април на територијата на целата држава, рече Заев додавајќи дека голем дел од податоците ги има.
Во однос на барањето на опозицијата за користење машини за отисок, рече дека иселените лица не можат да стават отисок.
-Децата се попишуваат до 18 години, тие немаат отисок. Не се регистрирани во системот за отисок. Но, правиме напори внатре. Притоа, преку граничната контрола на МВР ние имаме податоци за секој да се види дали е тука во државата или повеќе од една година бил надвор од државата, вели Заев.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии