Заев: Излегувањето на референдум е обврска, а седењето дома неодговроност пред државата
Излегувањето на референдум е обврска, а не излегувањето на референдум и седењето дома се кукавичлук и неодговороност пред државата. Со заокружување на „за“ ќе ја осигураме Македонија и ќе ѝ обезбедиме иднина, порача Зоран Заев лидерот на СДСМ и претседател на владата на Република Македонија од собирот „Заедно за европска Македонија“ кој вечерва се одржа во Гостивар.
- Да немате дилема дека носиме исправна одлука, таа е исправна сто отсто, бидејќи нема алтренатива. Никој не нуди друга опција и не кажува што ќе биде ако не се приклучиме кон НАТО и ЕУ. Да ја ставиме Македонија на шините од брзиот воз и да видиме бериќет. Околу сто субјекти сме обидинети околу овој проект, рече Заев.
Тој низ бројки и примери укажа на користта од зачленувањето во НАТО и во Европската унија, и посочи дека покрај грантовите и финансиската поддршка што и сега ги добива Македонија од фондовите на Унијата ќе се отвори и огромниот пазар на ЕУ за македонските земјоделски производи.
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на гостиварци им пренесе поздрави од првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг со кого денес разговарале и од кого добил уверување дека Македонија ќе биде 30-та членка.
Заев јавно им се заблагодари на албанците во Гостивар и во земјава за поддршката која ја добивал за време на преговорите со Грција и потпишувањето на „преспанскиот договор“
Во обраќањето Зоран Заев изрази верување дека граѓаните на 30 септември ќе излезат масовно и ќе го дадат, како што рече, придонесот во важен историски момент и дека ќе бидат горди што придонеле за подобра иднина на своите деца, на своите внуци.
- Со оваа оваа одлука на 30 септември нема повеќе да има мајка која се грижи своето дете, затоа што трајно ќе ги обезбедиме мирот и слободата во нашата Македонија, потенцира Заев.
Зборувајќи за договорот со Грција, Заев нагалси дека тоа е компромис и дека ние сме добиле „ерга омнес“ идентитет и јазик, а Грција „ерга омнес“ за името.
На бината на градскиот плоштад, се обрати и Алберт Муслиу, политички аналитичар кој директно ги повика гостиварци да излезат на референдум, бидејќи како што рече тоа ќе нé спаси од темното минато и кавгите. Од говорниците се обарти и пејачката Елизабета Јовановска која зборуваше за иднината на младиот човек во европска Македонија.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата