Заев ја поздрави иницијативата за формирање регистар на професионални онлајн медиуми
За поздравување е иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите за формирање регистар на професионални онлајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои портали ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница.
Според него, за поздравување е секоја иницијатива која придонесува да се направи јасна разлика меѓу новинарската критика и лага.
– Мораме сите ние како граѓани да направиме разлика меѓу критиката која е сојузник и лагата која е непријател на нашето демократско општество. Критичкото новинарство е во основата на едно демократско и отворено општество. Критиката е корисна, а конструктивната критика придонесува кон унапредување и развивање на општеството во сите негови сфери. Затоа манипулацијата и лагата мора да се соочат со отпор. Лагата прави штета, а манипулаторите им штетат и на здравите демократски процеси. Уште повеќе, кукавичлук и лицемерие е оние што во континуитет продуцираат дезинформации и лажни вести да се кријат зад слободата на говорот, посочува Заев.
Тој ја охрабрува новинарската фела, медиумската заедница, колку што може побргу да ги утврди стандардите кои јасно ќе ги дефинираат разликите меѓу критичките новинари и медиуми и пропагандистичките машинерии за лажни вести.
Ново на Сител
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Зеленски: Путин не е заинтересиран за мировни преговори, извозот на дизел во САД само ќе му ги наполни џебовите

