Заев: Мајка Тереза пример како треба да се помага

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица истакна дека како симбол на милосрдието, хуманоста и солидарноста таа претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности и какви било поделби, етнички и религиски, национални...
- Помагањето `не прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието којшто е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе `не следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Р.Македонија, изјави Заев.
Испраќаме, додаде, порака на обединување, меѓусебно помагање, помагање на сите заедно без разлика кој на која вера припаѓа, на која етничка припадност или без разлика дали е сиромашен, богат...
- Прекрасен ден за Р.Македонија, верувам дека духот и делото на мајка Тереза ќе го следиме сите, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
