Заев: Наместо на барок, споменици и криминални тендери, парите ги насочивме кон граѓаните
„Со доаѓањето на власт и реализирањето на проектот „Парите назад кај граѓаните“, започна ново, светло поглавје во македонската историја. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните “ истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во воведното обраќање на 26. конгрес на партијата.
„Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега“ потенцираше премиерот Заев.
Тој додаде дека помеѓу првите проекти биле и укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината дневна тарифа на срујата, како и повратот на ДДВ за физичките лица.
„Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега. Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош“ кажа Заев.
Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.
Ново на Сител
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
