Македонија
21. December 2020 - 11:57

Заев: Не е во ред некој да оди во затвор за користење половина грам марихуана

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција зборуваше за евентуалната легализација на медицински канабис во нашата земја и најави дека ќе в година ќе следи темелна дебата за можно легализирање на канабисот, кој би се употребувал за медицински цели.

„Не е во ред некој да оди в затвор ако користел половина грам канабис. Следува дебата за легализација на канабисот во 2021 година. Полицијата ќе продолжи да реагира на тие кои канабисот не го употребуваат за медицински цели и го продаваат низ земјава“, истакна Заев.

На новинарски прашање дали ќе побара одговорнот од заменик-министерот во полиција Назим Буши, оти, според нивни сознанија, во последниот случај поврзан со дрога во Крушево бил вклучен и негов близок роднина, Заев одговори:

„Ова што го спомнавте сега се само индикации. Јас дури првпат слушам кои луѓе се инволвирани. Впрочем, и не е важно кои се инволвирани. Ако се инволвирани, треба да си одговараат без разлика кои се и како се поврзани“.