Заев не ја коментира одлуката на Апелациониот суд за куќен притвор за Драги Рашковски

Премиерот Зоран Заев денеска не ја коментираше одлуката притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор.
-Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор, рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски.
Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“. Претходно Вишото јавно обвинтелство Скопје предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Рашковски за да излезе од притвор.
Одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за бегството на Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото бегство, Заев вели дека не знае оти истрагата е завршена, но оти бил дел од неа.
–Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, којшто нормално како одговорен и човек но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме, одговори Заев.
Ново на Сител
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
