Заев: Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има
Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.
-Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има тие нема ништо да променат само можат да ги закочат развојните проекти, рече Заев, според кого избори треба, мора и ќе се случат во периодот 2024 кога доаѓаат редовните парламентарни избори.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со повторните барањата за предвремени избори од опозицијата, премиерот рече дека веќе го кажал својот став.
-Ќе го повторам одговорот. Земјата наша помина неколкукратно низ фази на вонредни парламентарни избори и само изгубивме од тоа односно кога се случуваат вонредните избори застанува буквално се во државата најповеќе економијата. Се случија огромни работи во државата со сериозни историски одлуки и сето тоа е заради убавата економска иднина која сакаме да ја доживеат нашите граѓани. Повисок економски стандард, повисоки плати, нови работни места, дигање на севкупниот бруто домашен производ во државата, нови инвестиции и буквално еден нов квалитет на живот. Ова мораме сите заедно да го изработиме за да го постигнеме. А може и да го прекинеме со вонредни парламентарни избори. Зошто? , праша Заев на прес-конфренцијата во Владата.
Ново на Сител
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово