Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и педер да ја срушат Владата
Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде скандалозна изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.
-Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во зимање на пари, секој го прекрил закон. Нашата земја нема стрелање и бесење, има затвор. Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност, рече Заев.
Ново на Сител
-
Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса
-
Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Бразил
-
Петто олимписко злато во низа за американските кошаркари
-
Претежно сончево и многу топло време, од среда портокалова фаза на повеќе места
-
Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко
-
ЦУК: Во моментов се активни шест пожари на отворено, пет се под контрола, а 31 е изгаснат
-
Израелската армија издаде нови предупредувања за евакуација на Кан Јунис во Појасот Газа
-
Харис го поддржа укинувањето на данокот за бакшиш за услуги и угостителство