Македонија
25. December 2020 - 21:10

Заев: Немам пробано џоинт, но заложбите за некоја кауза не мора да се од личен бенефит

Премиерот Зоран Заев преку Твитер соопшти дека во животот не конзумирал марихуана, но вели дека се залагал за правата на сите.

Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа. Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните, напиша Заев на Твитер.