Заев: Немаме проблем да ги додадеме Бугарите, ниту било која друга етничка припадност во Уставот
Премиерот Зоран Заев вели дека немаме проблем во Уставот да ги додадеме Бугарите, ниту која било друга етничка припадност.
- Апсолутно никој пат не било проблем во нашата земја, не верувам дека и сега е проблем. Нашиот Устав ја препознава разноликоста во етничкиот карактер и тој ги набројува и Македонците и Албанците, и Србите, и Турците и Ромите и Власите и Бошњаците и другите. Земјите коишто пристапуваа, барем од регионот, или во последните години да кажам, деценија и пол, од 2004-та наваму, голем дел од нив имаат пракса при отворањето на Уставот непосредно пред полноправното членство во Европската унија да ги додадат и другите етнички заедници освен мнозинската етничка заедница којашто стои. Нашиот Устав е структуиран токму на тој принцип. Ние, јас сум рекол неколку пати, а и други претставници на институциите, ние немаме проблем да ги додадеме и Хрватите и Црногорците и Бугарите и други доколку мислат дека треба да бидат додадени, но секако тоа не треба да значи дека во моментот ние треба да го отвораме Уставот поради овие прашања, рече Заев.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
