Заев: Ние сме насочната карика која ги охрабри другите земји да помогнат на граѓаните на Авганистан
Јас сум горд а треба и нашиот народ да биде горд затоа што сме насочната карика која ги охрабри и другите земји да помогнат на граѓаните на Авганистан, изјави Заев денес во Јегуновце.
- Не се работи за никакви бегалци кои што ќе одат во кампови, се работи за хуманитарци, луѓе кои исто како сите нас се обидуваат да го подобрат животот во светот како нас. Ќе бидат згрижени во хотели и сето тоа е организирано. Очекувам ако се биде по план утре да пристигнат првите граѓани, а ќе пристигаат и викендов. Верувам дека ќе покажеме капацитет во организацијата пред се за зачувување на нивното здравје со пристигањето издавањето на визи нивното транспортирање и сместување во хотелите, бесплатната вакцина за оние што немаат примено. Ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед на сите што ќе стигнат тука и ќе се организира нивниот социјален живот, секојдневието се додека не бидат транспортирани до конечната дестинација. На нас ни е драго што Северна Македонија заедно со Албанија бевме меѓу првите што се понудивме за солидарност во оваа хуманитарна криза. Јас сум горд а треба и нашиот народ да биде горд затоа што сме дел од ваквите активности, ние сме насочната карика која ги охрабри и другите земји да помогнат на граѓаните на Авганистан, кажа Заев.
Ново на Сител
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност