Заев: Ние, вработените во јавните служби, да покажеме што значи да се биде посветен кон потребите на граѓаните
Претседателот на Владата, Зоран Заев упати писмо со честитки до сите службеници, вработени во јавниот сектор, по повод 23 јуни, Светски ден на јавните службеници, утврден како меѓународен ден од страна на Обединетите нации, соопшти владината прес-служба.
– Вчерашниот ден, 23 јуни, Светскиот ден на јавните службеници повикува на мисијата на јавните службеници, на тоа дека вработените во јавните служби работат за граѓаните и им служат на сите без исклучок. На тоа нѐ повикуваат вредностите на јавната служба и ова е вистинскиот момент да се повикаме на нив: Време е за служба со интегритет! Интегритетот е во основата на вредностите на јавната администрација и клучен принцип за заштита од корупција и од лични интереси. Кога јавниот сервис им служи со интегритет на граѓаните, ги штити и суверенитетот, независноста, безбедноста и просперитетот на земјата и ја поддржува правдата и еднаквоста, стои во писмото со честитки.
Прашање на интегритет, како што се посочува, е стремежот да се напредува во професијата за да се постигне совршена јавна служба како сервис на граѓаните.
– Време е да ја ставиме одговорноста на врвот на нашите приоритети! Да се биде фер и непристрасен и да се услужат луѓето праведно и подеднакво без дискриминација или фаворизирање при извршувањето на обврските и одговорностите е нашата мисла водилка. Сите ние, вработените во јавните служби, треба да покажеме пример – што значи да се биде посветен кон потребите на граѓаните и кон стратешките приоритети на сопствената земја. Да се биде посветен на општеството значи да се има желба да се служи на јавниот, општествен интерес и да се стават националните интереси пред личните. Да се биде храбар е морална обврска!, стои во писмото со честитки на премиерот Заев до сите службеници, вработени во јавниот сект
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници
-

Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
-

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат

