Заев обвини: Груевски ги држи министрите Спасовски и Ременска како заложници во Владата
Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција по распуштањето на Собранието, соопшти дека тие нема да учествуваат на предвремените избори на 5 јуни и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ги држи министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски од редовите на СДСМ како заложници во Владата.
Според Заев спротивно на нивната волја Оливер Спасовски и Фросина Ременски се принудени да земаат плати како министри и да ја извршуваат функцијата.
– Нашите министри многу навремено денеска ги поднесоа своите оставки со дополнителните заменици министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во Влада која што има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се нашите министри да не бидат во таа Влада. Ќе го прашате Никола Груевски и парламентарното мнозинство зошто ги држи во заложништво. Нашите министри немаат намера да учествуваат во Влада која што има намера да организира нерегуларни, нефер и недемократски избори, рече Заев.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
