Заев очекува мерката за субвенционирање на придонесите за платите да даде голем ефек
– Новата мерка за субвенционирање на придонесите на платите ќе даде голем ефект, оцени премиерот Зоран Заев, но нагласува дека треба да се креира законско решение што ќе спречи непланирано одлевање на средствата.
– Нашата дебата моментно е отворена и поголемо мнозинство во Владата смета дека ќе биде огромна искористеноста на мерката и дилема е дали проектираните пари ќе бидат доволни. Тоа за мене е оптимизам и ако следиме вакви мерки ќе наоѓаме средства, само нека растат платите. Од друга страна, со нивниот пораст ќе се полни и Буџетот, преку плаќање ДДВ, персонален данок и слично. Мерката сигурно ќе даде резултати, очекувањата се од нормални до повеќе од она на што можеме да се надеваме. Дефинитивно, треба до крај да ги испегламе сите активности поврзани со самиот закон, затоа што мораме и да го заштитиме Буџетот. Не смее да се дозволи непланирано или неочекувано да се одлеваат средства, туку тоа да биде во рамки на проектираното, истакна премиерот Заев.
Со предложените законски мерки, работодавачите кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари ќе добијат субвенции од државата, односно за тој дел тие ќе бидат ослободени од придонесите и ќе плаќаат само персонален данок.
Ново на Сител
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето