Заев: Очекувам да се докаже невиноста на Ременски
Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот колега Марјан Шарец.
Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од централниот и извршниот одбор.
– Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако Уставот наш исто така ја гарантира презумцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од централниот одбор и извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата.
На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот