Заев: Одложувањето на „Пуч“ доказ за инструментализација на судството
Претседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека одложувањето на денешното рочиште за случајот „Пуч“ е доказ како се инструментализира и става под контрола судството заради политики.
Според Заев, рочиштето не се одржало заради тоа што, како што изјави, главниот сведок Никола Груевски одлучил да не се појави или на Судот му било кажано да не му достави покана“. - Но, за да биде дополнително покриен наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако законот определува и замена на поротници кога тоа е најавено ако некој од поротниците не може да дојде, изјави Заев, кој е еден од обвинитите во случајот „Пуч“.
Претседателот на СДСМ истакна дека дошол во Судот заради тоа што ветиле оти ќе се борат за правда.
- Веднаш штом се создадоа условите да можат да се одржат рочиштата ние сме овде барајќи правда, наведе Заев.
На новинарско прашање дали смета дека Кривичниот совет ќе ги води судските процеси почитувајќи го законот по поднесените први обвиненија од Специјалното јавно обвинителство, Заев рече дека не сака да ја коментира работата ниту на Судот ниту на СЈО, но оти верува дека поголемо мнозинство во Судот и во правниот систем во државата се професионалци кои ја сакаат својата работа и бараат услови слободно согласно свои убедувања по Устав и по закон да носат одлуки.
Ново на Сител
-
Во зајакната акциска контрола во Скопје полицијата открила 96 сообраќајни прекршоци од кои 41 за брзо возење
-
Таравари ги посети пациентите од трагедијата во Кочани кои се лекуваат во Истанбул
-
Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина
-
Приведени двајца кичевчани, едниот возел со 2,05 промили алкохол во крвта
-
15-годишник се тепал со друг малолетник, па нападнал и полициски службеник
-
Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
-
Приведени двајца велешани, краделе во подрум во Струмица и го нападнале сопственикот
-
Ѓоковиќ: Можеби веќе нема да се вратам на теренот во Мадрид