-->
-->
Заев оптимист за датум за преговори и отворање на поглавјата со ЕУ во јуни
-->
Пријателството треба да се негува, а сите да бидат внимателни во изјавите, посочи премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања, во однос на тоа дали го загрижуваат изјавите на политичари од соседството за можно блокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија.Како што рече, оптимист е дека Македонија во јуни ќе добие датум за преговори и отворање на поглавјата со Европската унија.
– Политичките прашања ги решивме, внатрешните работи треба да ги дозавршиме, пред се со законите, имаме јасни „бенџ маркови“ кои треба да ги исполниме, се надевам граѓаните ќе доживеат и нивна физичка имплеметација со конкретен резултат и навистина сум оптимист и за јуни дека Македонија, се надевам и Албанија, ќе добие датум за преговори и отворање на поглавја, рече Заев, во одговор на прашање од пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, загрижуаваат некои од изјавите од соседството исто како што и некои од изјавите од тука кај нив, но пријателството треба да се негува.
– Изјавите од Бугарија не дека не ме загрижуваат, веројатно и некои изјави од овде загрижуваат, но секогаш сме тежнееле да кренеме телефон да се дообјасниме, некојпат и фејсбук статус да објавиме како што направив летото, за да можеме да го доградиме. Верувам дека треба да водиме грижа и секако мојата гордост како Македонец и како граѓанин на Македонија не сакам никој да ми ја гази, а притоа пријателството мора да го градиме на секој можен начин. Во четврток сум на концерт во Софија под диригентство на внукот на Гоце Делчев кој сега живее во Софија. За мене тоа значи негување на пријателство, посочи Заев.
Тој истакна дека Според Законот за ратификација на Договорот од Преспа, Грција не може да и забрани на Македонија напредок во отворање на поглавјата освен ако за тоа не дадеме причина.
– Ако водиме грижа за градењето на пријателството кој и да биде иден премиер на Грција според мене ќе гради добри односи со своите соседи заради тоа што на тој начин полесно можете да се посветите дома и да ги решавате проблеми на своите граѓани, рече Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
