Заев: При крај разговорите со коалициските партнери за испразнетите ресори
Коалициските партнери во Владата ги завршуваат разговорите за пополнување на испразнетите ресори. Премиерот Зоран Заев попладневно најави дека во прашање се денови кога би се објавило името кој ќе го пополни испразнетото место на министерот за здравство.
- Граѓаните го очекуваат новиот министер за здравство. Ние сме на крај на разговорите со коалициските партнери, а се надевам само денови се во прашање да го објавиме и министерот, но и да ги пополниме другите испразнети места, заменик министер и министер без ресор и да ги комплетираме раководните структури на извршната власт, рече премиерот Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на неформалниот состанок на претставници на царински управи од Западен Балкан во Скопје.
Заев додаде дека е важно истовремено да бидат пополнети и местата во институциите за кои се објавени јавни конкурси.
- Апелирам до граѓаните кои навистина ги исполнуваат условите да конкурираат на самите конкурси. Досега имаше за еден дел в.д. решенија, еден дел не беа ниту променети, мандатите истекуваат и согласно правилата, согласно законите во Македонија, согласно критериуми, нормативи и принципи сакаме да ги поставиме новите менаџменти на многу значајни институции за коишто веќе почнаа огласите да бидат во тек, изјави Заев.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“