Заев се извини на ЛГБТИ заедницата

Премиерот Зоран Заев преку Твитер упати извинување до ЛГБТИ заедницата и појаснување дека во изјавата што ја даде вечерва зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.
– ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“.
Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет“ Заев изјави дека нема, како што рече, да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. – Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, изјави Заев.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
