Заев: Се надеваме дека бројките на Ковид заболени ќе почнат да паѓаат
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.
-Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.
Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.
-Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.
Ново на Сител
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани