Заев се обрати на панелот „Мир и безбедност“ на конвенцијата на Прогресивната алијанса
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со генералниот секретар Љупчо Николовски и со меѓународниот секретар Дане Талески, присуствуваше на Конвенцијата во Стокхолм на Прогресивна алијанса, меѓународно прогресивно движење на 140 партии и организации од 80 дежави во светот.
На Конвенцијата, претседателот на СДСМ и премиер Заев, беше посочен како прогресивен лидер со ретка храброст кој носи одлуки во интерес на својата држава и граѓаните.
Претседателот на СДСМ, Заев говореше на панелот Мир и безбедност.
Тој посочи на политиките на искрен дијалог, почитување и трпение како чекори низ коишто без конфликт се постигнати меѓуетничката кохезија во земјата, преку концептот Едно општество за сите и добрососедските односи преку храбрите договори со соседите што резултираат со прогрес на нашата држава.
-Храброст ни е потребна за ‘се, и за слобода, и за заштита на животната средина, и за отварање на нови работни места… Храброст денес има на цел Западен Балкан, пријателства се случуваат, рече претседателот Заев.
На Конвенцијата на Прогресивна алијанса беше констатирано дека прогресивните социјалдемократски идеи се иднината на светот наспроти популизмот, национализмот и радикализмот. Оценето е дека поддржувачите на оваа опција со право може да се горди, не само поради постигнатото, туку и поради решенијата што ги нуди за иднината. Посочено е дека придобивките се вредност на Европа и светот. Нотирано е дека фокусот и во иднина се младите луѓе, социјалниот дијалог, соработката, солидарноста, еднакви шанси за сите, посветеност на животната средина, нови работни места, иновациите.
Прогресивното движење носи оптимизам и реални перспективи на луѓето и развиени општества, констатирано е на Конвенцијата на Прогресивна алијанса, во чијшто Борд од вчера е и СДСМ.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз