Заев: Секој што се инволвирал ќе си одговара
Премиерот Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук нагласува дека верува во транспарентни и во многу прецизни и брзи истраги.
– Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денес оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, истакнува Заев.
Според него, во сите земји каде што се создавале услови да владее правото и органите на прогонот да си ја вршат работата, не било лесно да се стори тоа и секаде било трауматично. – И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме, додава премиерот.
– Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност, нагласува Заев во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје

