Заев со писмо до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална МПЦ-ОА
Премиерот Зоран Заев испрати писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое уште еднаш бара од него да се заложи за признавање на афтокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Заев во писмото потсетува на нивната средба во Истанбул на која беше побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.
– Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија, Вартоломеј.
Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.
Пред два дена писмо до вселенскиот патријарх во кое се бара прзнавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА упати и претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци