Заев стана мандатар
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска напладне му го врачи мандатот за составување на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Во своето обраќање по тој повод Заев најави дека во наредниот уставен рок од 20 дена ќе предложи квалитетни кадри за владиниот кабинет и квалитетна владнина програма којашто ќе донесе подобар живот на граѓаните и почеток на преговорите со ЕУ.
Заев како што откри се уште не поседува поддршка од 61 пратенички глас, но и дека се уште е во серииозни разговори со ДУИ.
Заев се надева на обезбедување стабилно мнозинство на кое тој ќе биде премиер.
„Да, се спремам да бидам премиер 4 години, но да им дадеме шанса на преговорите со големата партија со која преговараме ДУИ, бидејќи и за тоа премиерско место се преговара. Но да, пак ќе речам, се подготвувам да бидам премиер 4 години“, рече Заев.
Тој најави денеска средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но не откри дали преговара и со други партии.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
