Заев: Верувам дека до пролет ќе има правно решение за споменикот на Мајка Тереза
Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека до пролет ќе има правно решение со цел да се отстрани градилиштето кај споменикот на Мајка Тереза на градскиот плоштад.
– Без разлика на желбите на Владата, на премиерот и на одредени други функционери, што можете да направите од нешто во кое што се потрошени народни пари и е дојдено до состојба во којашто треба да одлучите дали ќе го продолжите, дали ќе го отстраните или слично. Морате секогаш да внимавате и на правните аспекти на самите постапки. Овде се спроведени јавни постапки склучени договори, потпишани луѓе, преземена одговорност и слично. По слушањето на гласот на граѓаните одлуката е јасна и и кај нас како Влада, но и кај Градот Скопје, овој објект треба да се отстрани, за да може да диши градот, истакна премирот, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе се отстрани „плоштад градилиштето“ кај споменикот на Мајка Тереза.
Тој нагласи оти верува оти до оваа пролет ќе има веќе правно решение за да може оваа пролет да ае отстрани овој објект.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра