Заев: Зимбаков е најдобрата понуда за Босилово
Почитувани граѓани, жителки и жители на Босилово,
До мене е Зоран Зимбаков нашиот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Босилово.
Зимбаков е најдобрата понуда за вашата општина.
Зимбаков во овие четири години покажа како се работи чесно, одговорно и посветено за своите сограѓани за својата општина, се докажа како успешен менаџер во водењето на општината и тоа ќе продолжи да го прави и во следните четири години.
Зимбаков е чесен, угледен, одговорен човек кој не бега од предизвици, кој го слуша вашиот глас и заедно со вас ги решава проблемите.
Помеѓу градоначалникот и граѓаните не смее да има никакви пречки, туку редовна директна и двострана комуникација за брзо решавање на предизвиците. Тоа Зоран го покажа во овие четири години, а ќе го покаже и во следниот.
Заедно со него се обврзуваме, овде во Босилово да воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, а на иницијативите кои ќе дојдат од граѓаните да бидат одговорени во рок од 10 дена.
Така работат одговорни посветени градоначалници, така работи СДСМ, секогаш со и за народот.
Затоа Најдоброто е препознаено од граѓаните, затоа победуваме овде во Босилово, затоа победуваме во општините низ целата држава.
Зоран Заев, премиер и претседател на Влада
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Таравари: Не знам дали е непотизам, но не може да му забраниме на директорот да земе советник
-
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта
-
Во главата на Вања било пукано преку перниче
-
Судот го одби барањето за исклучување на јавноста
-
Палчо: Наместо да го плаче детето тој е наместен, јас не го познавам Ѓорчевски
-
Приведен 42-годишен кавадарчанец за физички напад врз сопругата
-
Таткото на Вања: Од мене остана само ехо, јас загинав на 27-ми
-
Мајката на Вања бара судење зад затворени врати