-->
-->
Загина 22-годишно момче во тешка сообраќајка во Струмица
-->
Младо момче на возраст од 22 години почина во тешка сообраќајна несреќа во Струмица.
Во Полициската станица Струмица во 01.55 часот по полноќ е пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (22) од Струмица, управувајќи автомобил „бмв“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица. Неговите пријатели на социјалните мрежи денеска објавуваат дека Д.Р. (22) им подлегнал на повредите, пишува Струмица денес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил