Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден со куршум од ловечка пушка во атарот на селото Витолиште, Мариово.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.
– Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14,55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.
Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.
Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението