Загина четиригодишно дете во сообраќајка во струмичко

Четиригодишно дете вчера загина откако во него и во уште три малолетни лица пред здравствената амбуланта во струмичкото село Банско удрило патничко возило. Со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен пешак.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 14:10 часот пред здравствена амбуланта во село Банско, струмичко, М.Н.(25) од селото, управувајќи патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во четири малолетни лица, на четири, девет, 14 и 17 години, сите од селото Банско, а потоа во електричен столб.
– По незгодата возачот и пешаците биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, при што кај четиригодишникот од лекар била констатирана смрт, а со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот пешак. Кај возачот и другите двајца малолетници се констатирани телесни повреди, се наведува во соопштението.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.
Ново на Сител
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
-

Масовни протести во Франција - Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
-

УЈП проверува приливи од странство за 2021 година, испратени персонализирани известувања до граѓаните
-

Тројца возачи од Формула 1 добија казни за стартните позиции пред Големата награда на САД
