Загина пешак во тешка сообраќајка во Скопје

Пешак загинал во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две со потешки телесни повреди се здобиле пешак и велосипедист, а во пет сообраќајки полесно биле повредени пет лица. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, како и 40 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 55 непрописно паркирани возила.
Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.
Во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели светови“’, објект „Синоличка“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Одделението за превенција денеска ќе реализира и посебна воспитна мерка - сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли.
Ново на Сител
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
-

ЕУ одобри воведување санкции против Иран поради затворање на Ормуска Теснина
-

Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан
-

Приведени пет возачи за безобѕирно управување возило, четворица, од кои двајца малолетници, возеле без дозвола
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
