Балкан
12. April 2018 - 15:36

Загина пилотот од грчкиот воен авион што се урна во Егејското Море

Загина пилотот на грчкиот воен авион што претпладнево се урна североисточно од островот Скирос, потврди министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос на неговиот Твитер профил.

- Еден грчки пилот во пантеонот на хероите. Загина за верата и татковината, борејќи се за одбрана на нашиот национален суверенитет и територијален интегритет, напиша Каменос на Твитер и изрази сочувство до семејството и до припадниците на военото воздухопловство на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за сега нема информации што е причината за падот на грчкиот воен авион Мираж 2000-5