Балкан
7. October 2024 - 10:56

Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата

Јасмин Чилиќ (38), поранешен фудбалер на БиХ второлигаш Клиса од Бутуровиќ загина со сопругата во разорните поплави што ја погодија Јабланица.

Јасмин и неговата сопруга Ирмела Чилиќ (32)  биле неразделени и сите што ги познавале тврдат дека биле симбол на љубов и лојалност.

Сите натпревари планирани за овој викенд низ Босна и Херцеговина се одложени.