-->
-->
Загина тракторист во кумановско
-->
Шеесет и четиригодишен тракторист од кумановско Доброшане, починал вчера околу 9:40 часот во село Бајловце.
Според, СВР Куманово трактористот собирал сено со трактор на кој имало прилучена дополнителна земјоделска алатка. Тракторот во еден момент се превртел и врз земјоделецот паднала приклучната алатка. Лекарите само ја констатирале смртта.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово по овластување на Основното јавно обвинителство. Телото на починатиот е предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија