-->
-->
Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка
-->
Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев" и „Беличица" во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман“ со мешалка за бетон управувано од М.К. (56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.
„Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало“, наведуваат од СВР Тетово.
На местото на несреќата се врши увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
